Утрински Весник
Култура

Концерт на Филхармонија со Даниеле Акта

Концерт на Филхармонија со Даниеле Акта

„Младост, среќа, иднина“ е насловен концертот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток, 17 септември, во 20 часот. Диригент е маестро Јерухам Шаровски (Израел), а како солистка ќе настапи израелската виолончелистка Даниеле Акта.

На програмата е возбудливиот Концерт за виолончело и оркестар од Роберт Шуман и Симфонијата број 3 од Феликс Менделсон.

За време на својата кариера, маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалимз аедно со Баварскиот радиооркестар на концерти посветени на градот Ерусалим.

Даниеле Акта како солистка настапувала и на најпрестижните светски сцени – „Карнеги хол“, концертната сала „Чајковски“, „Барбикан“, „Линколн центар“ и др.

Оваа исклучителна виолончелистка беше рангирана меѓу десетте најдобри изведувачи во 2016 година од „Дајли газета“. Како добитничка на стипендијата на Американско-израелската фондација за култура таа настапи на гала-настанот по повод 75-годишнината на фондацијата на која домаќин беше Исак Перлман во Линколн центарот во Њујорк.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“