На 14 јуни 2022 година, во 20 часот, во Култ парк (паркот пред КИЦ-Скопје) следи концерт на акустичното трио „Good Habits”
Според најавите, ќе бидат отсвирени познати и култни песни на повеќе јазици, повеќе култури, преточени во акустични аранжмани на македонски музичари.
Триото „Good Habits“ е оформено во 2021 година во Скопје и изведува музика од повеќе жанрови: џез, фанк, блуз итн. Членовите се активни во македонската музичка сцена повеќе од 12 години со повеќе групи и проекти.
Членови: Кристијан Гиноски – Вокал, Иван Петровски – Гитара, Дејан Митровиќ – Бас Гитара.
Кристијан Гиноски e независен артист од Скопје. Примарно се занимава со пеење и свирење гитара, а има членувано во повеќе бендови како бас гитарист. Активно настапува од 2010година, со огромен број а акустични настапи, како и настапи со цел бенд. Има учествувано на повеќе фестивали и настани, дел од нив се: Скопје стрит фестивал, два трибјута на бендот Pink Floyd, интернационални настапи во Малта и Чешка. Настанот би се состоел од акустични изведби на песни од повеќе краеви на светот. Изведбата ќе биде со акустичен состав Кристијан Гиноски Трио. Настапува со двајца дипломирани музичари, Дејан Митровиќ – бас гитара и Иван Петровски – акустична гитара.
Текстот Концерт на акустичното трио Good Habits е превземен од МАКФАКС.