Утрински Весник
Култура

Концерт „Бетовен:Редефиниција“ на Филхармонија

Концерт „Бетовен:Редефиниција“ на Филхармонија

Оркестарот на Филхармонија в четврток, во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Бетовен:Редефиниција“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша (Албанија/Грција).

Со оркестарот ќе диригира маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се „Варијации на тема од Хајдн“, оп.56 од Јоханес Брамс и Концерт за виолина и оркестарот во Де-дур, оп 61 од Л.В.Бетовен.

Виолинскиот концерт во Де-дур оп.61 за виолина и оркестар од генијалниот Л.В.Бетовен премиерно бил изведен во Виена во 1806 година. Ова е единствениот виолински концерт на Бетовен и едно од неговите најлирски дела. Напишан е во еден од неговите најкреативни периоди, кога создал многу значајни дела. Му го нарачал виолинистот Франц Клеменет, кој сакал драматично дело за неговиот следен концерт. Бетовен го завршил за кратко време, непосредно пред концертот.

Иако Брамс, речиси секогаш се дефинира како ултимативен романтичар, тој од своите современици бил сметан за старомоден автор кој повеќе сака да се навраќа кон минатото, наместо да гледа кон иднината. „Варијации на тема од Хајдн“ се пример за неговиот интерес кон минатите стилови. Интересот на Брамас за Хајдн го поттикнал неговиот пријател Карл Фердинанд Пол, и под негово влијание тој почнал сериозно да ја истражува музиката на класичниот композитор. Така ја открил мелодијата позната како „Коралот на Св.Антонио“ која ќе стане основа за создавање на варијациите.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори.

Јонијан Илијас Кадеша има грчко-албански корени, а живее во Берлин. Неговата изведба се карактеризира со стилска посветеност и егзактна артикулација во интерпретацијата на дела од сите музички епохи. Кадеша секогаш трага по имагинацијата на звукот, постојано барајќи нови звучни хоризонти.

Добитник е на повеќе интернационални награди меѓу кои и на натпреварите „Виндзор“ и на „Леополд Моцарт“…

Свири на виолина изработена од Џовани Батиста Гуаданини од 1749 година.

Текстот Концерт „Бетовен:Редефиниција“ на Филхармонија е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“