Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски веднаш да даде оставка, знаел за бегството на Мијалков

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде оставка веднаш, бара ВМРО-ДПМНЕ, по бегството на Сашо Мијалков.

„Оливер Спасовски да си даде оставка веднаш. Додека Спасовски ажурира членство по куќи Сашо Мијалков му побегна пред очи. Иако институциите знаеле уште од саботата дека постои опасност да бега МВР 24 часа не преземале ништо и чекале да побегне. Според информациите кои излегоа во јавноста институциите знаеле уште во саботата во 16 часот дека постои опасност од бегство на Сашо Мијалков, но не преземале ништо. Чекаа да помине цел ден и Мијалков да избега“, велат од партијата.

Доколку Спасовски знаел дека Мијалков ќе бега, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, зошто не ги преземал сите неопходни мерки против негово бегство и зошто дозволил Мијалков да побегне?

Според ВМРО-ДПМНЕ,со самиот факт што Спасовски знаел за бегството на Мијалков и не преземал ништо говори дека Спасовски свесно го пуштил Мијалков да избега.

„Постои основан сомнеж дека има договор Заев – Спасовски – Мијалков за бегството на Мијалков и Спасовски мора веднаш да си даде оставка. Секој поминат ден на чело на МВР е штетен за државата. Оставка веднаш“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зајкова: Не сакам да бидам „Ванѓа”, но мислам дека и во нивиот КЗ застареноста ќе остане иста

Нема брза пруга, ќе има мигранти, велат од СДСМ

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини