Утрински Весник
Култура

Конкурс за филмски сценарија

Конкурс за филмски сценарија

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје и ЈУ Дом на култура Кочо Рацин – Скопје распишуваат Конкурс за филмски сценарија.

Право на учество на Конкурсот имаат сите граѓани независно од нивната возраст, а крајниот рок е 15 април 2022 година. Секој автор може да испрати неограничен број свои сценарија. Исто така, нема никакви ограничувања ниту за темата, ниту за формата и обемот на сценаријата.

Филмските сценарија потпишани со името и презимето на авторот и негова кратка биографија, треба да се испраќаат на следниов мејл: info@macedoniapresent.mk, со напомена: за Конкурсот за филмски сценарија.

Авторите на најдобрите сценарија ќе ја добијат наградата Скрипт фест 2022, а наградите ќе бидат врачени на Фестивалот на филмски сценарија Скрипт фест 2022, што ќе се одржи во мај во Домот на култура Кочо Рацин во Скопје.

Текстот Конкурс за филмски сценарија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“