Утрински Весник
Македонија

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал
Dik 300x250 mk

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 50 мигранти од Индија, Авганистан и Пакистан.

По незгодата возачот побегнал од местото.

Како што информираат од МВР, со тешки повреди се здобиле четворица мигранти, а 10 се здобиле со полесни повреди, констатирани во медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Останатите мигранти биле пренесени во Прифатниот центар Гевгелија.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик