Утрински Весник
Македонија

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, во кое биле превезувани 50 мигранти од Индија, Авганистан и Пакистан.

По незгодата возачот побегнал од местото.

Како што информираат од МВР, со тешки повреди се здобиле четворица мигранти, а 10 се здобиле со полесни повреди, констатирани во медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Останатите мигранти биле пренесени во Прифатниот центар Гевгелија.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Избори на повидок? Мицкоски најавува, Филипче вели – спремни сме

МВР на SAHA Expo 2026: Потврдена стратешката соработка со турската полиција