Утрински Весник
Магазин

Колтон Андервуд демантира дека е во врска со Луси Хејл

Колтон Андервуд демантира дека е во врска со Луси Хејл

Американскиот господин совршен изјави дека во моментот нема девојка.

Запрашан од порталот Too Fab за неговиот љубовен живот, реалната ѕвезда Колтон Андервуд (28), кој минатата недела беше виден со актерката од ТВ-серијата „Прилично мали лажговци“, Луси Хејл (31), тој одговори: „Засега сум сингл“.

Поранешниот професионален фудбалер на „Сан Диего чарџерс“, „Филаделфија иглс“ и „Оукленд рајдер“ неодамна објави на социјалните мрежи дека се чувствува физички исцрпен.

Пред две години, господинот совршен отворено призна дека иако има 26 години, сè уште е невин. Поранешниот американски фудбалер, а сега реална ѕвезда, истакна дека не сака да се направи голема работа од тоа, но продукцијата на шоуто одлучи да го направи токму спротивното. Таблоидите ја објавија веста наредниот ден.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трите најпопуларни туристички дестинации во 2024 година – Грција втора

Во Скопје утре прв „Dog Fest”

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците