Утрински Весник
Македонија

Во четири скопски општини има по над 100 заразени лица со коронавирус

Во Скопје 11 општини имаат троцифрен број на заразени од коронавирус
Ss2

Во моментов четири скопски општини имаат над 100 активни случаи на заразени со коронавирус.

Најмногу заразени има во Чаир (152), Аеродром (132), Карпош (108) и Гази Баба (103).

Img 5587

Зад нив се Центар и Кисела Вода со 98 и 96 активни случаи. Во Шуто Оризари коронавирус имаат 81 лице, во Ѓорче Петров заразени се 73 лица, во Бутел 65, а во Сарај 44.

Студеничани има 35 активно заразени лица, Арачиново – 19, Илинден – 17, Сопиште – 10, Петровец – 8, Чучер Сандево – 8, Зелениково- 5.

Три лица се водат како странци.

Инаку, од денешните 139 новозаразени, 30 лица се од главниот град. Во моментов, Скопје има 1.057 активно заразени лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи на целата територија изнесува 3.200 лица.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на изборите

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Европски фронт: Граѓаните како што сакаат да го искористат правото на глас на претседателските избори