Утрински Весник
Спорт

Кокошков замина од Фенербахче

Кокошков замина од Фенербахче

Игор Кокошков по само една сезона го напушти Фенербахче. Српскиот тренер се враќа во НБА лигата, тој ќе биде дел од стручниот штаб на Џејсон Кид во Далас Маверикс.

Кокошков немаше успех со Фенербахче. Во Евролигата не успеа да се пласира на завршниот турнир, а во Турција не успеа да ја освои титулата откако ја загуби финалната серија од Анадолу Ефес.

Игор Кокошков има златен медал со Словенија од Европското првенство во 2017 година. Во кариерата бил и селектор на Грузија, а во НБА работел во ЛА Клиперс, Детроит Пистонс, Кливленд Кавалирс, Орландо Меџик, Јута Џез и Сакраменто Кингс.

Тој во сезоната 2018/2019 беше тренер на Финикс Санс. Кокошков е првиот неамериканец кој бил главен тренер на еден НБА тим.

Не е познато кој ќе дојде на неговото место во Фенербахче.

> Кокошков замина од Фенербахче <

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина