Утрински Весник
Здрав Живот

Кои се најздравите природни замени за шеќерот

Seker 2

Постојат голем број на природни алтернативи на шеќерот, коишто се доста корисни доколку се употребуваат во секојдневната исхрана. Иако овие алтернативи нудат нешто подобар избор од рафинираниот шеќер, шеќерот е сепак шеќер и треба да се ужива во умерени количини.

Ова е преглед на најдобрите алтернативите за шеќерот:

Стевија – нула калории и јаглехидрати

Листот од стевија е добра опција ако ги сакате вашите рецепти со малку јаглени хидрати и без шеќер. Стевиа е засладувач со нула калории. Органски течни капки стевија се користат за засладување на работи како тесто за палачинки, овес, пијалоци и други јадења каде што не се бара голема сладост.

Стевијата можете да ја користите најчесто во палачинки, пудинзи и мешани пијалоци како што се матча и разни видови на кафе.

Банана

Бананите честопати се забораваат кога станува збор за избор на природен засладувач. Нивната густина може да додаде изненадувачки вкус и текстура кај многу десерти и печива.

Покрај содржината на калиум и витамин Б6, бананите содржат многу придобивки што можат да го подобрат здравјето на дигестивниот систем и срцето. Кога станува збор за употреба на банани како засладувач, можностите се бесконечни. Само да именуваме неколку:

  • Смути пред или после вежбање
  • Овесна каша
  • Палачинки и вафли
  • Мафини
  • Печени колачи, пудинзи и слично

Јаболка и сос од јаболка

Кога станува збор за печење, наградата за најдобар засладувач треба да се додели на сосот од јаболка. Работи како замена и за маслото и за путерот во сооднос 1: 1 и истовремено додава сладост.

Рецептите со сос од јаболка може да реагираат поинаку во рерната, затоа внимавајте на нив за време на печењето. Може да очекувате дека вашето печиво нема да порумени толку брзо и може лесно да се препече. Тестирајте ја тортата, лебот или колачињата со нож неколку минути пред проценетото време на завршување за да се осигурате дека ќе добиете совршена конзистентност.

Сладок компир

Слаткиот компир не е супер сладок, но може да се користи како замена на шеќер во колачи и мафини и е прекрасен во палачинки, овесна каша и смути. Исто така, работи добро како алтернатива со помалку шеќер во однос на јаболкото и бананата.

Урми

Урмите се по многумина најдобриот природен засладувач. Тие содржат минерали, витамини и растителни влакна и имаат богат вкус на карамела. Можете да додадете цели или сецкани урми во рецепти или да ги измешате со топла вода и морска сол за да направите вкусен сос од карамела или паста од урми.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА УРМИТЕ

  • богата со растителни влакна што ја подобрува работата на срцето и дигестивниот систем
  • добар извор на калиум
  • одличен извор на бакар, добар за здравјето на коските
  • извор на манган
  • извор на магнезиум
  • извор на железо
  • содржат витамин Б6 кој го подобрува здравјето на мозокот
  • ја подобруваат бременоста и породувањето
  • содржат изофлавони за кои е познато дека го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести
  • содржат витамин А, важен за здрав вид

Тоа се само неколку од придобивките од редовното конзумирање на урмите. Исто така, урмите се добри како брза закуска пред тренинг или кога имате потреба од дополнителна природна енергија.

Кокосов шеќер

Кокосовиот шеќер е природен засладувач, кој може да се користите со сооднос 1: 1 со бел или кафеав за да го замените шеќерот во рецептите. Има вкус на карамела и работи добро при печење, во кафе или каде било на друго место каде што би користеле шеќер.

Оваа потценета алтернатива на шеќерот, исто така, содржи неколку клучни хранливи материи за здрава исхрана, вклучувајќи железо, цинк, калциум и калиум, заедно со некои масни киселини, како полифеноли и антиоксиданти.

Суров мед

Голема причина зошто суровиот мед станал толку популарен, покрај неговиот неверојатен вкус, е фактот дека е преполн со лековити својства кои помагаат во зајакнуванје на имунитетот.

Делува како природно антибактериско и антимикробно средство, и можете да се обложите дека ќе ги искористите неговите придобивки, без оглед во кој рецепт ќе го вметнете.

Можете да додадете суров непастеризиран мед на:

  • Палачинки
  • Мафини
  • Тост
  • Овесна каша
  • Прелив за салата
  • Засладување чаеви од билки
  • Сурово печење

Имајте на ум дека медот не е вегански, па ако сте на веганска диета, изберете друг засладувач на оваа листа, како што е јаворов сируп или сируп од кафеав ориз.

Јаворов сируп

Јаворовиот сируп исто така еден од омилените природни засладувачи. Содржи витамини и минерали и има прекрасен вкус што го додава на рецептите. Се користи во многу форми, од преливи за салати и сосови, кари, до домашно чоколадо, палачинки и секако во сите варијанти на вкусни десерти.

 

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana