Утрински Весник
Свет

Австриско истражување: Младите излечени од корона најчесто немаат антитела

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот
Ss2

Повеќето луѓе кои се излечиле од коронавирус на возраст од 15 до 40 години немаат антитела откако ќе се опорават, покажува студијата направена од австриските власти во местото Рајхенау ан дер Ракс.

„Ова е изненадувачки резултат, но се совпаѓа со фактот дека кај овие возрасни групи симптомите се лесни“, објаснува директорката на покраинскиот санитарен завод на Долна Австрија, Ирмгард Ленер.

Img 5587

Како дел од студијата спроведена во јуни, на целото население во Рајхенау му била понудена можност да бидат тестирани за антитела.

Во таа општина, 61 лице се разболеле во текот на пролетта, а околу 260 биле во карантин.

Во студијата учествувале 1.824 лица, вклучително и оние кои биле позитивни во текот на пролетта.

„Секој што беше позитивен со антитела на ПЦР тест имаше кашлица, како и губење на чувството за вкус и мирис, замор и треска како пропратни симптоми“, вели покраинскиот секретар за здравство Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.

Оние чии организам не создал антитела само наводно посочиле дека чувствуваат настинка, без главните симптоми на коронавирусот.

Градоначалникот на Рајхенау, Ханес Делер вели дека оваа студија покажува дека никој не е безбеден, бидејќи не се знае кога симптомите ќе станат потешки, па затоа е потребна поголема одговорност на граѓаните.

Ленер и Коенигсбергер-Лудвиг истакнаа дека резултатите од студијата покажуваат оти стратегијата на Долна Австрија во борбата против вирусот е правилна.

„Не го стававме целото место во карантин, туку одевме на тоа да ги пронајдеме контактите, што го правиме и денес“, рече Ленер.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум