Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Следува покачување на пензиите

14022022 PVRSM Kovacevski vo s.Trstenik

Во одговор на новинарско прашање денеска премиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата работи на дополнително покачување на пензиите во рамки на финансиски пакет за оваа година.
„Јас веќе најавив во експозето при изборот на новата Влада неколку економски политики кои ги сметам за клучни во однос на справувањето на економската криза произлезена од здравствената криза. Пензиите беа една од тие политики и ние веќе работиме на анализи кои ќе бидат презентирани на дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионерите и други заинтересирани страни секако и институциите на Владата.“ рече Ковачевски.
Според информациите на нашиот медиум се прават пресметки за дополнитлено зголемување на пензиите за 320.000 пензионери, односно финансиски пакет за оваа година, како поддршка во енергетска и здравствена криза.
СДСМ веќе ја реализираше поддршката за ранливите категории на пензионери, но според извори од партијата, пензионерите се категорија која била силно финансиски погодена од пандемијата како и од економската криза па затоа се подготвува пакет финансиска поддршка за нив.

Можете да прочитате

Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова, бара СДСМ

Артан Груби од денеска на слобода – истече куќниот притвор

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење