Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Пристигна францускиот предлог со идеи за спорот со Бугарија, ќе биде ставен на широк консултативен процес

Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија, напиша на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

„Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот“, појаснува Ковачевски во напишаното.

„Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани“, дополнува премиерот.

Упатува благодарност до претседателот Макрон и француското претседателство, за, како што вели, нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка