Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ние сме за членство во ЕУ, но преку достоинствено решение со Бугарија базирано на европски вредности

Ковачевски: Ние сме за членство во ЕУ, но преку достоинствено решение со Бугарија базирано на европски вредности

Она што ние како држава го имаме како цел е што побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, а решението за ова прашање треба да се базира на европски вредности, со почит кон достоинството на сите граѓани на двете држави и со заемна почит меѓу политичарите и институциите во Северна Македонија и Бугарија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

„ Разговорите треба да ги водиме на тие принципи и јас се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина. Така разговарам со премиерот на Бугарија. Со тон и дух на комуникација којшто соодветствува на двајца премиери и јас таква комуникација на неделно ниво имам со премиерите и претседателите на Србија, Грција, Албанија и со другите во регионот“, нагласи премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?