Утрински Весник
Македонија

Ковачевски на средба со г.г. Стефан: Одлуката на Вселенската Патријаршија е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата премиерот Ковачевски му честитал на поглаварот за радосната веста за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која МПЦ – ОА се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.

„Станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија“, истакнал премиерот.

Со оваа одлука на Вселенската Патријаршија, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви, било посочено на средбата на која било констатирано и дека одлуката е донесена со интензивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните 4 години.

Можете да прочитате

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Левица: Бараме ДПМНЕ и СДСМ веднаш да делегираат членови за Анкетната комисија за „Пулс”