Утрински Весник
Свет

Ковакс ќе испорача 1,8 милијарди вакцини во 92 посиромашни земји во текот на годината

Ковакс ќе испорача 1,8 милијарди вакцини во 92 посиромашни земји во текот на годината

Системот за дистрибуција на вакцини Ковакс планира да испорача 1,8 милијарди дози на посиромашните земји оваа година и очекува побогатите земји да ги исполнат своите обврски во таа насока во втората половина на годината.

Нашите предвидувања покажуваат дека треба да ги исполниме барањата за вакцина поставени од самофинансирачки членови на системот во втората половина на 2021 година, рекоа од Алијансата за вакцини ГАВИ во име на Ковакс.

Ковакс, кој е дизајниран да им овозможи на сите еднаков пристап до вакцините против Ковид-19, а кој заеднички го водат Алијансата за вакцини ГАВИ, Светската здравствена организација и други, рече дека 1,8 милијарди дози ќе бидат доставени до 92 земји кои ги исполнуваат условите и дека тоа би одговарало на приближно 27 проценти од покриеноста на населението во тие земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ

160 загинати и близу 1000 исчезнати по поплавите во Непал