Утрински Весник
Спорт

Кобајаши му се одмазди на Гајгер пред 4 скокалници

Кобајаши му се одмазди на Гајгер пред 4 скокалници

Јапонскиот скокач Рјоју Кобајаши стигна до импресивна победа на големата скокалница во Енгелберг, Швајцарија, последна станица пред 4 скокалници, одмаздувајќи му се на Германецот Карл Гајгер, по што двајцата влегуваат како фаворити на новогодишната турнеја.

По саботната победа на 28-годишниот Гајгер, Кобајаши скокна 132.5 и 136.5 метри за да го совлада Германецот, кој имаше скокови од 135 и 131.5 метри. Подиумот го комплетираше Норвежанецот Мариус Линдвик со 133 и 138.5 метри, а Швајцарецот Килијан Пеер, кој водеше по првата серија на крајот заврши како четврти.

Во генерален пласман, Гајгер е лидер со 594 поени, пред Кобајаши со 496 поени, додека трет е Норвежанецот Халвор Гранеруд со 361 поен.

> Кобајаши му се одмазди на Гајгер пред 4 скокалници <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД