Утрински Весник
Спорт

Клоп: Нема подобар тренер од Гвардиола

Клоп: Нема подобар тренер од Гвардиола

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека неговиот тим е подготвен за дербито на сезоната во Премиер лигата. Дербито во Манчестер може да го реши прашањето во шампионската трка. По 30.кола, Сити на првото место има 73 бода, со бод помалку втор е Ливерпул.

„Најважно е што немаме никакви проблеми. Сите се здрави. Ќе играме против најсилниот можем противник.“, рекол Клоп и дополнил.

„Ако победиме ќе имаме два бода повеќе, ако биде нерешено ситуацијата ќе остане иста, а ако загубиме Сити ќе имаат четири бода повеќе. Меѓутоа по дербито ќе останат уште седум кола, значи уште 21 бод. Ова ќе биде борба до самиот крај“.

Германецот на крајот му упатил коментар на сметка на колегата од Сити, Пеп Гвардиола.

„Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Не верувам дека некој се сомнева во тоа“.

Сити ќе го пречека Ливерпул во недела, од 17.30 часот.

> Клоп: Нема подобар тренер од Гвардиола <

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград