Утрински Весник
Спорт

Клоп до навивачите на Ливерпул: Букирајте хотели за Истанбул за следното финале

Jирген Клоп е сигурен дека Ливерпул повторно ќе се кренат и ќе се радуваат на европска титула по вчерашниот 1:0 пораз од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Париз.

Тибо Куртоа блесна на голот, а Винисиус Жуниор го постигна единствениот гол за „црвените“ повторно да загубат од „кралевите“ како реприза на 2018 година, и од можни четири трофеи во 2021/22, Ливерпул останаа со титулите од Лига купот и ФА купот.

„Моите момци се обидоа да направат речиси се, посебно кога губевме со 1:0. Сакавме да бидеме похрабри во второто полувреме, но како што кажав и претходно, не е лошо да стигне до финалето. Имам силно чувство дека ќе се вратиме. Овие момци се многу конкурентни, имаме фантастична група на фудбалери кои следната година ќе се обидат повторно. Каде е финалето следната година? Истанбул. Букирајте си хотел“, вели Клоп.

Истанбул има посебно место во сеќавањата на навивачите на Ливерпул, бидејќи токму таму во 2005 во епското финале го совладаа Милан на пенали откако губеа со 3:0 на полувреме.

> Клоп до навивачите на Ливерпул: Букирајте хотели за Истанбул за следното финале <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари