Утрински Весник
Спорт

Клоп ги прозва Јунајтед и Тотенхем и удри против „антиваксерите“

Клоп ги прозва Јунајтед и Тотенхем и удри против „антиваксерите“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се запраша зошто Манчестер јунајтед и Тотенхем ги кријат имињата на позитивните фудбалери на КОВИД-19 и во исто време удри по „антиваксерите“, порачувајќи им на фановите да „веруваат на експертите“ за вакцината.

„Ние немаме што да криеме. Најголемата грижа ни е момците да се здрави. Ако некој има грип, ќе кажеме дека имал грип. Ако има скршен палец, ќе го кажеме тоа. Потребно е да се има вистински информации, бидејќи така мораме да одиме напред. Знам дека антиваксерите ќе кажат дека Клоп кажа да се вакцинираме, а сега негови фудбалери се заразија. Со вакцина има помалку шанси да се заразиш, а дури и да се заразиш, ќе поминеш полесно. Треба отвореност. Во Манчестер јунајтед слушнав повеќе фудбалери се позитивни, но немам поим кои се тие. Не знам кој има вирус во Тотенхем и не сфаќам зошто тоа е неопходно. Нека кажат колку се, и кои се. Да не се знае ништо за јавни личности е неприфатливо“, вели Клоп.

Двата меча на Манчестер јунајтед оваа недела беа откажани поради пандемијата, а во понеделник Премиерлигата најави дека ќе разговара за пауза во лигата со повеќе клубови кои ја поддржуваат идејата.

> Клоп ги прозва Јунајтед и Тотенхем и удри против „антиваксерите“ <

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид