Утрински Весник
Магазин

Клои Кардашијан не се грижи за реакциите во врска со филтрираните селфија

Клои Кардашијан не се грижи за реакциите во врска со филтрираните селфија

Клои Кардашијан во четвртокот на својата страница на Инстаграм објави неколку нови пинап фотографии каде што позира во црно-бел комплет од нејзината компанија „Гуд Американ“.

36-годишната сирена го привлече вниманието на нејзините фанови кога во својата објава напиша дека не ја засегаат зли коментари.

Sвездата на реалити-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ несомнено алудираше на критиките што ги доби во врска со претераното користење филтри за разубавување на лицето, што се чини многу впечатливо на неколку фотографии на социјалните мрежи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор