Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс меѓу најавените за канадската Патека на славните

Кијану Ривс меѓу најавените за канадската Патека на славните

Актерите Кијану Ривс и Греам Грин, пензионираниот генерал-потполковник Ромео Далер и музичарот Брус Кокберн се меѓу овогодинешните избрани личности за канадската Патека на славните.

Пејачката текстописец Џули Блек, починатата блуз уметник Саломе Беј, боречката ѕвезда Брет („Хитмен“) Харт и десетобоецот Демијан Ворнер, исто така, беа најавени во средата како избраници за 2021 година.

Листата од 10 ја заокружуваат извршниот директор на „Каргоџет“, Аџеј Вирмани и научниците од Универзитетот во Торонто кои го открија инсулинот: Фредерик Бентинг, Чарлс Бест, Џон Меклод и Џејмс Колип.

Секоја година, Canda’s Walk of Fame ја слави екселентноста и достигнувањата во областа на уметноста и забавата; претприемништво и филантропија; хуманитаризам; наука, технологија и иновации; и спортот и атлетиката.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста