Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс и Александра Грант уживаат во прошетка низ Берлин

Кијану Ривс и Александра Грант уживаат во прошетка низ Берлин

Кијану Ривс беше совршен џентлмен кога излезе со девојката Александра Грант во Берлин во неделата.

Ѕвездата на Џон Вик (56) носи три тешки торби со намирници додека чекори покрај Александра (47), визуелен уметник, во главниот град на Германија.

Се гледа дека двајцата уживаат во свежото есенско попладне, а Кијану со љубов ја гледа Александра додека се упатуваат кон нивниот автомобил откако купија неколку неопходни работи.

Актерот, кој моментално го снима филмот „Матрикс 4“ во Берлин, ја покри главата со црна капа, откако ја скрати долгата коса и ја избричи брадата за улогата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пратеникот Сергеј Попов вечерва стапи во брак со Моника!

Фестивали.мк: oд 25 до 27 јуни бидете во Охрид на вино и музика

Аријана Гранде бара од Белата куќа да не се користи нејзина песна во антиимигрантско видео