Утрински Весник
Спорт

Кирјос го елиминира Медведев на стартот на Мастерсот во Монтреал

Австралиецот Ник Кирјос го совлада Русинот Данил Медведев со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:2) на стартот на Мастерсот во Монтреал. Двајцата тенисери одлично сервираа во првиот сет, Кирјос го имаше единствениот брејк и сет поен при 5:4, но Медведев го спаси. Победникот во првиот сет беше решен со тај-брејк во кој подобар беше светскиот тенисер број еден кој на Австралиецот му дозволи само два поени.

dobivaj vesti na viber

Кирјос подобро го започна вториот сет и стигна до брејк на стартот. До крајот на сетот, финалистот на Вимблдон го сочува својот сервис и стигна до израмнување во сетови.

Кирјос го направи првиот брејк и во третиот сет освојувајќи го петтиот гем, но Медведев возврати. Сепак, Австралиецот направи нов брејк и го комплетираше мечот.

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска убедливо ја елиминира Австралијката Ајла Томљановиќ со 6:1, 6:2 на турнирот во Торонто. Чешката тенисерка Каролина Плишкова се пласираше во осминафиналето на турнирот во Торонто, откако во два сета, со 6:1, 6:1 ја совлада Американката Аманда Анисимова.

Можете да прочитате

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон

Милјана Релиќ победи и се пласираше во 1/4 финалето во таекводно на Медитеранските игри

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен