Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка
300x250 opst2

Досегашните членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, се реименувани за истите позиции со мандат од шест години сметано од 19.11.2021 година.

Народна банка на Република Северна Македонија, издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки.

Членовите на Управниот одбор на Развојна банка, ги започнаа своите мандати во ноември и декември 2019 година и управуваа со државната банка изминативе две години. Развојна банка активно учествуваше во имплементацијата на економските сетови мерки донесени од Владата во справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата од Ковид-19.

Во 2020 и 2021 година, Развојна банка пласираше кредити кон приватниот сектор во вкупен износ од 132 милиони евра, од кои 46 милиони евра во форма на бескаматни кредити и го потпиша шестиот финансиски договор со ЕИБ за 2021/2022 година во вкупен износ од 100 милиони евра. Со подобрување на условите кај осигурувањето и факторингот, се зголеми значително обемот на осигурани и откупени побарувања по основ на факторинг кои заклучно со септември 2021 година, во однос на цела 2019 година, се зголемија за 73% и за 20%, респективно.

Од посебна важност за банката беше нејзината докапитализација која се направи во 2020 година, со која се овозможи директно проширување на портфолиото производи на банката. Сега, Развојна банка на компаниите кои вршат извоз може да им понуди и царинска гаранција. Од неодамна, преку промена во Законот за Развојна банка на Северна Македонија, се организираше Гарантен фонд во рамки на банката, со што се воспостави државната кредитно-гарантна шема од која корист имаат микро, мали, средни компании, како и големи компании кои вршат извоз, информираат надлежните.

Целта на Управниот одбор, како што се појаснува е и понатаму да продолжи и да ја развива државната банка како динамична, финансиски силна институција, специјализирана во финансиска поддршка на малите и средни претпријатија и поширока поддршка на извозот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање