Утрински Весник
Спорт

Кире Лазаров со три погодоци на дербито против ПСЖ

Кире Лазаров со три погодоци на дербито против ПСЖ

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров и неговиот тим Нант го загубија дербито на колото во француското првенство против ПСЖ. Тимот од престолнината славеше со 34:28, а Лазаров постигна три гола на овој меч.

Десниот бек двапати реализираше седмерец, а еднаш ја погоди мрежата на противникот и со удар од далечина.

Главна фигура на теренот беше голманот на ПСЖ, Винсен Жерар, со дури 18 одбранети шутеви.

Кире Лазаров веднаш патува за Македонија и ќе се префрли во улогата на селектор, со оглед дека веќе вечерва има собир на ракометната репрезентација во пресрет на бараж двомечот против Романија.

> Кире Лазаров со три погодоци на дербито против ПСЖ <

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот