Утрински Весник
Свет

Кинеско село во карантин – се шири чума

Кинеско село во карантин – се шири чума

Властите во кинескиот регион Внатрешна Монголија издадоа трето ниво на предупредување за чума.
Селото Баот е ставено во карантин, откако еден жител почина од цревна чума.

Според надлежните, предупредувањето ќе остане во сила до крајот на годината, пренесува ЦГТН.
Локалните здравствени власти соопштија дека ги следат контактите на починатиот селанец – девет лица, кои пак имале контакти со уште 26 лица.

Сите тие се ставени во карантин и се под лекарски надзор.Засега, ниту еден од нив нема симптоми и сите биле негативни на болеста.

Починатиот имал цревна чума чии симптоми вклучуваат дијареја, силни болки во стомакот и треска.
Појавата на чума во Кина не е невообичаена, но болеста сè поретко се појавува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран

Иранските ракети стигнуваат до јужна Европа

Иран напаѓа цели во Ерусалим, Израел возвраќа со „широк напад“ врз Техеран