Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кинеските градови ги враќаат строгите ограничувања

Кинеските градови ги враќаат строгите ограничувања
300x250 opst2

Има се повеќе градови во централна Кина кои прибегнаа кон строги ограничувања, откако драстично се зголеми бројот на новозаразени од Ковид-19 во провинцијата Хенан.

Провинцијата Хенан пријавила 64 локални инфекции со потврдени симптоми во последните 24 часа, што е значително повеќе од само четири случаи претходниот ден, пренесува Ројтерс.

Иако тие бројки се мали во споредба со остатокот од светот, неколку кинески градови воведоа нови ограничувања за патување или економска активност како одговор на голем број нови случаи.

Националната политика на Кина за брзо искоренување на вирусот станува сè поинтензивна пред Зимските олимписки игри, чии домаќини се Пекинг и блискиот Хебеј од 4 февруари.

Кинеските власти, сепак, велат дека напорите за спречување на ширењето на вирусот ќе стануваат сè потешки во наредните недели, кога огромен број луѓе ќе патуваат за новогодишните празници.

Можете да прочитате

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук