Утрински Весник
Свет

Кинескиот претседател вети безбедни и спектакуларни Олимписки игри во Пекинг

Кинескиот претседател вети безбедни и спектакуларни Олимписки игри во Пекинг

Зимските олимписки игри во Пекинг, кои официјално се отвораат утре, ќе бидат добро организирани, безбедни и спектакуларни, изјави денеска кинескиот претседател.

Во кратката видео порака до учесниците на седницата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Пекинг, тој рече дека Кина има активна улога во тоа олимписко движење од организацијата на Летните олимписки игри во 2008 година, пренесува Ројтерс.

Претседателот додаде дека за овие зимски игри, како што вети, Кина охрабрила околу 300 милиони Кинези да се вклучат во зимските спортови.

Можете да прочитате

Патниците не можат да го напуштат бродот во Кабо Верде поради епидемија на хантавирус

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба

Трамп: Ги уништивме иранските глисери тоа е сè што им остана