Утрински Весник
Свет

Кинеската војска планира да тестира ракета кон Тајван?

Кинеската војска наводно планира да тестира ракета во близина на Тајван. Како што објавија некои медиуми, не се работи за нуклеарна ракета.

dobivaj vesti na viber

Оваа вест дојде набргу откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси пристигна во Тајван.

Откако нејзиниот авион слета во Тајпеј, се огласи кинеското Министерство за надворешни работи, кое остро протестираше поради посетата на Пелоси на Тајван.

„ Посетата на Ненси Пелоси на Тајван е грубо кршење на политиката „Една Кина“ – се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Оттаму исто така изјавија дека Кина „ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на државниот суверенитет како одговор на посетата на Пелоси.

Можете да прочитате

Израелски војници убиле седуммесечно бебе на Западниот Брег

Турски брод нападнат кај Крим, едно лице загина

Трамп вети брз крај на војната со Иран и пад на цените на горивата