Утрински Весник
Свет

Кина ја одобри вакцината „Синовак“ за деца на возраст од 3 до 17 години

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Кина ја одобри за употреба вакцината на компанијата „Синовак Биотек“ за деца на возраст од 3 до 17 години, соопшти претседателот на компанијата Јин Вејдонг во изјава за државната телевизија.

Масовната вакцинација во Кина, во која се употребени 723,5 милиони дози до 3 јуни, засега важи само за лица постари од 18 години, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Кога вакцината „Синовак“ ќе биде воведена во општа употреба за малолетници, зависи од стратегијата за имунизација на кинеските здравствени власти, додаде Јин.

Тој рече дека малолетните лица имаат помал приоритет при вакцинирање против Ковид-19, во споредба со постарите лица, кои имаат поголем ризик да добијат посериозни симптоми доколку се заразат.

Прелиминарните резултати од првата и втората фаза на клинички испитувања покажаа дека вакцината може да предизвика имунолошки одговор кај деца на возраст од три до 17 години, како и дека несаканите реакции се слаби и незначителни.

Државната фармацевтска компанија „Синофарм“, која користи слична технологија како „Синовак“, исто така се подготвува да пријави употреба на вакцината кај помлади лица.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет