Утрински Весник
Македонија

Едно лице повредено во пожар во куќа во Скопје, пожарот ја зафатил и соседната куќа

Пожар во гаража во зграда во Охрид, седум лица пренесени во болница

Едно лице било повредено во обидот да го изгасне пожарот кој зафатил една куќа во Скопје, информира полицијата. Според информации од таму, од пожарот била зафатена и соседната куќа.

Од МВР дообјаснуваат дека вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Николов“ настанал пожар во куќа сопственост на А.Г.(43), при што била зафатена и соседната куќа, сопственост на М.Т.(34).

При обид за гасење на пожарот со повреди се здобил Г.Б.(57), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада од Скопје.

Можете да прочитате

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Фон дер Лајен пак се јави: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Договорот од Преспа

МНР на Грција: Европскиот пат на Северна Македонија зависи од спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име