Утрински Весник
Свет

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба за деца од три до 17 години во Кина, соопштија денеска официјалните лица.

Оваа информација на прес-конференција ја објави Шао Јиминг, истражувач во кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Кина досега искористи вкупно 845,3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20,4 милиони дози, покажуваат податоците на Националната здравствена комисија.

Текстот Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено