Утрински Весник
Свет

Кина: САД да го повикаат СЗО таму да го испита потеклото на Ковид-19

Кина: САД да го повикаат СЗО таму да го испита потеклото на Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кина денес ги повика САД да дозволат Светската здравствена организација (СЗО) да го испита потеклото на тамошното избувнување на епидемијата на Ковид-19, откако СЗО ја заврши својата теренска работа во кинескиот град Вухан.

„Ние сакаме американската страна, како Кина, да заземе отворен и транспарентен став и да ги повика експертите на СЗО во САД да спроведат истражување и контрола на потеклото на коронавирусот“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Неколку часа откако тимот на СЗО ги објави прелиминарните откритија на прес-конференција во Вухан во вторникот, Вашингтон рече дека сака детално да ги испита податоците што ги користел тимот за да заклучи дека вирусот што предизвикува Ковид-19 не потекнува од лабораторијата во Вухан, а дека лилјаците остануваат веројатен извор на инфекција.

Секретарката за печат на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека американската влада не е вклучена во планирањето и спроведувањето на истрагата на СЗО и дека сака да спроведе независна ревизија на наодите и основните податоци на оваа мисија, што предизвика многу негативни реакции во Кина.

Потеклото на пандемијата на коронавирусот, која наводно за прв пат се појави во Вухан на крајот на 2019 година, е многу политизирано, а Кина ја застапува теоријата дека Ковид-19 пристигнал во земјата од странство, според агенцијата.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање