Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кина постави знаме на Месечината

Кина постави знаме на Месечината
300x250 opst2

Педесет години по САД, и Кина го постави своето знаме на Месечината, објави Би-Би-Си.

Кинеската национална вселенска агенција објави фотографии на кои се гледа црвеното знаме со пет ѕвездички поставено на површината на Месечината.

Знамето е снимено вчера од камера на вселенската сонда Chang’e 5 пред да ја напушти Месечината и да се упати кон Земјата со примероци од карпи, пишува Би-Би-Си.

Првата земја што го постави своето знаме на Месечината во 1969 година беа САД. Подоцна, САД поставија уште пет свои знамиња за време на следните мисии до 1972 година.

Во 2012 година НАСА соопшти дека сателитските снимки покажуваат дека петте американски знамиња сè уште стојат на Месечината, а експертите наведуваат дека тие најверојатно целосно избледеле поради влијанието на Сонцето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори