Утрински Весник
Свет

Кина: Нема докази за обвинувањата за прикривање на податоците за ковид

Кина: Нема докази за обвинувањата за прикривање на податоците за ковид
Dik 300x250 mk

Висок службеник на кинеското Министерство за здравство изјави дека нема докази за обвинувањата дека Кина не ги споделила податоците со истражувачите на Светската здравствена организација (СЗО), кои го рагледуваа потеклото на епидемијата на коронавирусот.

По вчерашното официјално објавување на заедничка студија од Кина и СЗО за потеклото на Ковид-19, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека Кина не им ги дала податоците на меѓународните истражители за време на нивната посета на Вухан, каде што првпат беше идентификуван коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, Лијанг Ванијан, кој ја водеше заедничката студија, им изјави на новинарите дека кинеските и меѓународните истражувачи имале пристап до истите податоци за време на истрагата и дека тврдењата за прикривање на податоците се неточни.

„Се разбира, според кинескиот закон, некои податоци не може да се земат или фотографираат, но кога ги анализиравме заедно во Вухан, сите можеа да ја видат базата на податоци. Сето тоа беше направено со заеднички сили“, рече тој.

 

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп