Утрински Весник
Свет

Кина им понуди вакцини на земјите од Источна и Централна Европа

Кина им понуди вакцини на земјите од Источна и Централна Европа

На денешниот виртуелен самит Кина им понуди вакцини на земјите од Централна и Источна Европа и повика на посилна соработка.

„Подготвени сме за соработка во областа на вакцините“, рече кинескиот претседател Шји Џјинпинг на видеоконференција со лидерите на 17 земји од Централна и Источна Европа.

Кси потсети дека Србија веќе добила еден милион дози вакцини произведени од кинеска компанија и дека Унгарија исто така потпишала договор со кинески производител.

Кина ќе разгледа слични опции со другите земји во регионот.

Клучот за траен однос меѓу Кина и земјите од регионот е во отвореноста и учеството, рече Шји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Карни: Референдумот за оцепување на Алберта „опасен блеф“ сличен на Брегзит

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт