Утрински Весник
Свет

Кина: Експлозија во рудник, 22 рудари заробени повеќе од 48 часа

Најмалку 22 рудари се заробени по експлозија во рудник во источна Кина, соопштија кинеските власти. Рударите се заробени повеќе од 48 часа во рудник за злато во изградба во областа Шандонг.

Комуникацијата со рударите е прекината и не е познато на која длабочина се, соопштија синоќа спасувачите.
Несреќите во рудниците во Кина се чести појава, главно поради недоволно почитување на прописите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Непал му се потребни 4,78 милијарди долари за обнова по поплавите и свлечиштата

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД