Утрински Весник
Свет

Кина даде 85,8 милиони вакцини против коронавирус

Кина даде 85,8 милиони вакцини против коронавирус

Кина од вчера на своите граѓани им дала 85,86 милиони дози вакцини против Ковид-19, објави Кинеската национална комисија за здравство.

Тоа е за околу три милиони дози повеќе од 82,85 милиони дози дадени од вторникот, пренесува „Ројтерс“.

Кина вчера пријави 11 нови случаи на Ковид-19, во споредба со 10 случаи регистрирани претходниот ден. Сите нови случаи се, како што беше најавено, увезени инфекции со потекло од странство.

Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи, се искачи на 10 од осум случаи претходниот ден.

Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во континентална Кина сега е 90.136, додека бројот на луѓе кои го загубија животот остана непроменет на 4.636.

Можете да прочитате

Во Аргентина стапката на сиромаштија достигна 32,3 отсто во првата половина од 2026 година

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“