Утрински Весник
Свет

Ким Џонг-ун сака да ги подобри односите со светот

Ким Џонг-ун сака да ги подобри односите со светот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун истакна дека е потребно значително да ги подобрат своите врски со надворешниот свет.

Обраќајќи се на својата владејачка Лабуристичка партија на третиот ден од конгресот, Ким зборуваше за Јужна Кореја, но не прецизираше какви чекори сака да преземе.

„Општата ориентација и политичката позиција на нашата партија е сеопфатно проширување и развој на надворешните односи“, рече Ким, пренесе агенцијата КЦНА.

Што се однесува до економијата, тој призна дека оваа година земјата не ги достигнала посакуваните економски цели.

Ким, кој го наследи неговиот татко Ким Џонг-ил кон крајот на 2011 година, денес полни 37 години, наведува „Ројтерс“. Тој рече дека е потребно да се преобликуваат односите со Јужна Кореја.

Набљудувачите сметаат дека Северна Кореја прво ќе стапи во контакт со Јужна Кореја за помирување, а потоа и за да навести дека сака разговори со новата американска администрација на Џон Бајден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот