Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун пречекан со громогласен аплауз на прославата за лунарната Нова година

Ким Џонг Ун пречекан со громогласен аплауз на прославата за лунарната Нова година

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговата сопруга присуствуваа на концертот во Пјонгјанг по повод лунарната Нова година, каде Ким доби громогласен аплауз од публиката, но и од уметници кои го пофалија што најави нова ера во водењето на нацијата, објавија државните медиуми.

Според АП, севернокорејските медиуми го ставиле авторитативното раководство на Ким во преден план по серијата ракетни тестови во јануари, што некои експерти го оценуваат како обид за притисок врз Вашингтон поради прекинатите нуклеарни преговори, кои престанаа кога се затворија границите на Северна Кореја поради пандемијата.

Корејската централна новинска агенција денеска објави дека Ким и неговата сопруга Ри Сои Жу биле пречекани со громогласен аплауз откако пристигнале во театарот на концерт одржан во вторникот вечерта.

Уметниците изведоа песни и играа, што, според извештајот на KCNA, го покажа единството на народот и нивната посветеност за изградба на социјалистичка земја на која светот ќе и позавиди.

Можете да прочитате

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос