Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун го пофали кинескиот амбасадор во заминување

Ким Џонг Ун го пофали кинескиот амбасадор во заминување

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го пофали кинескиот амбасадор во заминување Ли Џинџун за помошта за развој на односите меѓу Пјонгјанг и Пекинг, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Ли ја напуштил функцијата амбасадор во Пјонгјанг по седум години поминати на тоа место, објави Ројтерс.

Покрај пренесувањето на поздравите на Ким до висок функционер на владејачката Работничка партија на Кореја, Чое Рионг Хае, Ли се сретна и со премиерот на Северна Кореја, Ким Ву-Хун, додаде државната агенција КЦНА.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација