Утрински Весник
Спорт

Кими позитивен на коронавирусот, нема да вози во Зандворт

Кими позитивен на коронавирусот, нема да вози во Зандворт

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, нема да вози на трката за Големата награда на Холандија, која на програмата е в недела во Зандворт. Финецот, кој пред неколку дена најави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната бил позтивен на коронавирусот.

Местото на Раиконен во болидот на Алфа Ромео ќе го заземе Полјакот Роберт Кубица.

Последен пат Кубица возел Ф1 трка во Абу Даби, во 2019 година. Трката во Зандворт ќе биде негова 98 во кариерата.

Големата награда на Холандија на програмата е во недела од 15 часот.

> Кими позитивен на коронавирусот, нема да вози во Зандворт <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0