Утрински Весник
Магазин

Кејт Хадсон користи секс за да остане во форма

Кејт Хадсон користи секс за да остане во форма

Ѕвездата на Almost Famous („Речиси славна“) се огласи на социјалните мрежи во средата на 9 јуни за да го одбележи Националниот ден на сексот, откривајќи дека интимното зближување со нејзиното момче Дени Фуџикава всушност ѝ помага да ослабе и да остане здрава.

Кејт е амбасадорка на WW, програма за здравје и велнес позната како Weight Watchers, а нејзината објава коинцидираше со објавата на веб-страницата на WW, која официјално го наведува сексот како активност што се смета како фит-поинт (FitPoints) на апликацијата WW.

На видеото објавено на Инстаграм, Кејт рече: „Здраво на сите, добив многу интересни вести од кои сум многу возбудена. Отсега ќе бидам во мојата спална соба на подолго време … можеби и по 20 часа. Ако може да се справи со тоа.“

„Според WW, еден час секс ќе биде еднаков на…не ме бива многу за математика … шест FitPoints! Се гледаме за два часа” напиша таа.

И Weight Watchers ги објасни деталите понатаму во својата објава.

Во неа стоеше: „Без разлика дали сте вакцинирани и излегувате надвор или останувате дома, сексот сега смета за FitPoints кога ќе се логирате на апликацијата WW. Среќен Национален ден на сексот!“

Можете да прочитате

Наскоро ќе можеме да ја видиме космичката експлозија со голо око, се гледа еднаш во животот

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание – ПОП КУЛТУРА