Утрински Весник
Спорт

Кејн: Подготвен сум за натпревари

Тотенхем го крена трофејот од „Ауди Купот“ среде „Алијанц Арена“

Лондон, 15 мај 2020 (МИА) – Хари Кејн е подготвен повторно да игра за Тотенхем кога ќе се рестартира англиското првенство. 26-годишниот напаѓач претрпе повреда на првиот ден од новата година и ги пропушти сите натпревари на „спарси“ до средината на март, кога Светската здравствена организација прогласи пандемија и практично ги прекина сите фудбалски првенства.

– Се чувствувам добро. Бев скоро целосно опоравен пред почетокот на изолацијата, иако не ме гледате како тренирам со моите соиграчи. На почетокот тоа го правев онлајн на Интернет со целата група, а сега можам да правам вистински тренинг со член на тренерскиот персонал. Убаво е да се биде надвор и повторно да ја допрам топката. Ќе бидам подготвен да играм, без разлика кога ќе ја продолжат сезоната. Без разлика дали е за еден или два месеци, не е важно, изјави Кејн во интервју за „Скај Спортс“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство