Утрински Весник
Македонија

На возрасните над 67 и младите до 18 години им е дозволено движење од 5 до 19 часот

На возрасните над 67 и младите до 18 години им е дозволено движење од 5 до 19 часот

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Сите граѓани имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот.

Измените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги усвои откако Уставниот суд вчера на седница го укина посебниот режим  на движење  за овие две возразни категории.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на вчерашната седница донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот, со тоа што се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка и овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила