Утрински Весник
Спорт

Кеселовски победи во Њу Хемпшир

Кеселовски победи во Њу Хемпшир

Возачот на тимот Пенска Бред Кеселовски победи на трката во НАСКАР купот кој се возеше во Њу Хемпшир. Кеселовски ја забележа 33 победа во кариерата со што се израмни на вечната листа со легендарниот Едвард Робертсон.

Кеселовски во целта беше побрз за 1,6 секунди од возачот на Тојота Дени Хамлин кој сезонава има пет победи. Лидерот во генералниот пласман, победникот на четири трки оваа сезона, Кевин Харвик, во Њу Хемпшир, го освои петтото место.

Третото место му припадна на Мартин Трекс јуниор, додека четврти беше Џои Логано.

> Кеселовски победи во Њу Хемпшир <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зверев ја освои првата титула на УС опен

Норис ќе стартува од пол-позицијата во Мадрид

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови