Утрински Весник
Магазин

Кери Фукинага, режисерот на „Џејмс Бонд“, етикетиран како сексуален штетник

Три млади актерки го обвинија холивудскиот режисер Кери Фукунага дека е сексуален предатор кој им предизвикал страв.

Рејчел Винберг (23) тврди дека Фукунага (44), режисерот на најновиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, почнал да врши притисок над неа за романтична врска пред пет години, веднаш откако наполнила 18 години и дека врската со него ѝпредизвикала  синдром на посттрауматски стрес.

Тие се запознале за време на снимање реклама што тој ја режирал. Двојката започнала консензуална врска која вклучувала и сексуални односи, откако Рејчел станала полнолетна.

„Поминав години плашејќи се од него. Пазете се жени!“, напиша таа на својата инстаграм-страница, додавајќи дека по врската со Фукинага таа била трауматизирана до таа мера што ѝ било дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН).

Рејчел сподели фотографии на кои е со режисерот и напиша: „Во повеќе наврати се обидов да стапам во контакт со него за да му кажам како ме натера да се чувствувам, но никогаш не презеде одговорност. Тој всушност ме избриша“.

Актерките близначки Хана и Кејлин Лоеш, исто така, го обвинија за сексуално вознемирување. Во објава на Твитер, тие тврдат дека се дружеле со Фукунага во 2018 година, кога имале 20 години, но наводно, прекинале кога им кажал дека сака тројка во хидромасажна када во нивната куќа во Пенсилванија.

Наводите доаѓаат откако Фукунага објави сторија на неговата инстаграм- страница во која ја изјавува својата поддршка за правата на жените, во врска со документот што протече неодамна, а кој открива дека Врховниот суд на САД е на пат да го поништи случајот „Рое против Вејд“, пресуда со која се легализира абортусот во Америка.

Тој напиша: „Врховниот суд ќе нè турне чекор поблиску до војна со самите себе… легитимизирајќи ја војната против правата на жените“.

Можете да прочитате

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк