Утрински Весник
Спорт

Кеирош: Ето прати лоша порака со најавите за „војна“

Кеирош: Ето прати лоша порака со најавите за „војна“

Селекторот на Египет, Португалецот Карлос Кеирош го критикуваше претседателот на Камерунската фудбалска федерација, легендарнот Самуел Ето, кој го опиша полуфиналето на Африканскиот куп на нации меѓу двете селекции како „војна“.

„Фараоните“ ќе играат со домаќините на континенталниот турнир во четврток на „Олембе“ стадионот, и Ето по 2:0 победата на Камерун над Гамбија во саботата во соблекувалната на репрезентацијата изјави дека треба да се подготват за војна за пласман во финалето.

Кеирош вели дека се работи за „многу погрешна порака“.

„Навистина несреќен коментар, многу лош приод кон фудбалот и лоша порака кон луѓето во Камерун. Да се направи декларација на војна пред еден меч покажува дека не научил ништо кога бил професионален фудбалер. Фудбалот не е војна. Фудбалот е за прослава, за радост, за среќа. На војната која ја предложи господинот Ето ќе одговориме со најдобар фудбал, најдобар однос и најдобар квалитет. Тоа го сака светот – Африкански куп на нации кој ќе создаде чест, достоинство, а не војна. Апелирам до господинот Ето, кој беше професионален фудбалер, да ги корегира своите зборови“, вели Кеирош.

> Кеирош: Ето прати лоша порака со најавите за „војна“ <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија